Саемот на вино во Белград можност за нови пазари за албанските производители

Од:

Албанските производители на вино ќе учествуваат на Меѓународниот саем за вино „Винска визија Опен Балкан“, што ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември.

„Саемот ги собира најдобрите во производството на вина, лозари, сопственици на винарски визби, енолози, сомелиери и трговци со вино, како и изложувачи на вина од некои од најпознатите винарии во светот и има за цел да го промовира Балканот како туристичка дестинација. На овој саем се очекува да учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји. Од Албанија се очекува да учествуваат 26 најдобри производители на албанско вино“, јави албанската агенција АТА.

Во пресрет на саемот министерката за земјоделство и рурален развој, Фрида Крифца и министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, остварија средба со албанските производители на вино.

Учеството на овој саем Крифца го оцени како „златна можност да го споделат своето искуство и да ја развијат соработката со компании од целиот свет“.

-Тоа треба да биде соочување со најдобрите производители на вино во Европа, каде што ќе имате можност да воспоставите контакти кои можат да генерираат нов бизнис за вас, рече Крифца.

Министерката Кумбаро истакна дека оваа форма на промоција на албанската кујна и вино позитивно ќе влијае на туризмот.

-Една од главните причини зошто туристите ја посетуваат Албанија е кујната. Кулинарството станува посебен пазар благодарение на вас и вашата соработка со земјоделскиот сектор, рече таа.

Покрај виното и кујната, на саемот во Белград, Албанија ќе има и штанд за промоција на културното наследство и историјата, преку народни носии и ракотворби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он