(ВИДЕО) Шеќеринска: Можно е решение ако премиерот ги стави државните интереси пред своите партиски интереси

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, го обвини премиерот Никола Груевски дека тој и неговата партија ништо не направиле за да се реши проблемот со донесувањето на извештај на Комисијата за расчистување на настаните од „црниот понеделник“.

– Единствената стратегија која што ја слушаме од ВМРО – ДПМНЕ секој пат кога државата се соочува со проблем, е да се бараат виновници и прстот да се покажува кон другите. Тоа го слушнавме и денеска од страна на премиерот Груевски, за еден од клучните проблеми кој што ја мачи и Македонија и македонските граѓани. Тие бараат решенија, а не бараат виновници.

Меѓутоа, токму поради тоа сакаме да го потсетиме и премиерот и да кажеме дека откако беше потпишан 1-во мартовскиот договор, СДСМ се врати во Собранието, учествуваше на Локалните избори, учествува или ќе учествува и на пленарните седници и на комисиите за работа во Собранието на Република Македонија и даваше серија на иницијативи како да се врати во игра анкетната комисија.

Клучното прашење кое ниту денеска, ниту вчера, ниту завчера Груевски не го одговори е што тој и ВМРО – ДПМНЕ направија за да овој проблем го оставиме зад нас?
Затоа и во текот на денешниот ден гледаме сценарија за да се минираат разговорите, а не за да се реши проблемот. Жалиме околу тоа, но ние и понатаму ќе останеме факторот кој што ќе се бори за интересите и на оваа држава и на граѓаните на Република Македонија – изјави Шеќеринска.

На прашањето, дали постои можност да биде постигнат договор, Шеќеринска вели:

-Ќе повторам по не знам кој пат дека, доколку премиерот и ВМРО – ДПМНЕ одлучат барем еднаш да ги стават државните интереси и интересите на граѓаните пред своите партиски и рејтинг интереси, јас сум убедена дека е можно решение. Впрочем, она што се случи на 24 Декември на сите им беше јасно. Она што покажаа снимките на 24 Декември им е достапно на сите граѓани на Република Македонија, па и на меѓународната заедница, и токму тоа е причината за бегство од одговорноста на ВМРО – ДПМНЕ, затоа што јасно е кој на 24 Декември ги исфрлаше новинарите на улица и кој ги исфрлаше пратениците надвор од собраниската сала. Во тие моменти беа погазени и уставот и македонските закони. Ние сметаме дека Анкетната комисија е возможна и дека Анкетната комисија ќе даде резултат кога сите оние кои што носеа одговорност за таквите одлуки, својот дел од одговорноста ќе си го прифатат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска