Во бугарскиот град Бургас утрово бил приведен возач на камион со стотина илегални мигранти, соопшти портпаролката на Регионалната управа на МВР во градот, Цветелина Рандева.
Бугарските медиуми тврдат дека возачот на камионот е 60-годишен македонски државјанин. Товарниот камион и неговиот возач се приведени околу 6.45 часот. Превезувал само мажи со авганистанско потекло.
Утврдено е дека истите биле натоварени во областа Дебелт, а камионот поминувал низ Бургас. Таму бил спречен од полициски службеници во приморскиот град.
Од полицијата дополнително известија дека во камионот на македонскиот државјанин имало 88 мигранти, а не над 100 како што првично беше објавено.