СДСМ: Рекордна поддршка за лозарите, откупни цени поголеми за 30 отсто

Од:

СДСМ, со вистински мерки и политики, низ партнерски однос и со лозарите и винариите, обезбеди рекордна помош и поддршка за секторот, која дава конкретни резултати.Постигнати се историски највисоките цени за откуп на грозјето, зголемени за 30 отсто во однос на претходната година.Се воведува дополнителна мерка од 2 денари за килограм, со што откупната цена ќе биде 15 денари за смедеревка и 17 денари за вранец, се вели во соопштението од СДСМ.

„Покрај највисоките откупни цени лозарите добиваат субвенции од 40.000 денари за одржување на лозовите насади, како и 4.200 денари по хектар за зелена нафта. Веќе трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност.

Република Северна Македонија е втор најголем извозник на вино во регионот, по Грција. Лани извозот од македонските винарии во вредност од 61 милиони долари е зголемен за 19 отсто во однос на 2020 година.

Се овозможува финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, а секоја година се одвојуваат средства за промоција на македонските вина на саемите низ светот.

Растот на откупните цени на грозјето и на извозот на вино се должи на мерките и политики што изминатите години ги реализира Владата предводена од СДСМ за лозарството и винарството. СДСМ продолжува со вистинска грижа, за унапредување и натамоштен раст и развој на лозарството и винарството“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски