Извештајот за 24-ти декември пред колапс

Од:

Се поизвесно е дека ВМРО ДПМНЕ и СДСМ нема да се усогласат околу извештајот, Шекеринска од една и Протоѓер од друга страна ги прават последните обиди, но до договор речиси е извесно дека нема да дојде.

Инструкциите од Груевски остануваат да не се прифати одговорност за тепањето на пратениците и исфрлањето на новинарите кај функционерите на власта, а СДСМ не прифаќа такво нешто, пренесе Libertas.

Владините медиуми, според порталот, веќе почнале со спинување на јавноста за да се обвини опозицијата дека не сакала договор за да пропаднел извештајот од ЕУ.

Од еден дневен весник околу пладне му се јавувале на претседателот на комисијата Борче Давитковски со прашање дали го добил решението за лустрацијата и кој е неговиот став, дали Фрчковски има легитимитет да биде дел од комисијата.

Конечниот исход околу извештајот ќе се знае утре но, странците инсистирале да има па макар во него и да пишува дека двете страни не успеале да изградат заеднички став околу скандалот во парламентот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска