Давитковски: Правиме се за денеска да се заврши работата

Од:

Правиме се за денеска да се заврши работата. Јас секогаш сум оптимист, изјави претседателот во оставка на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември Борче Давитковски за денешниот тек на работата на Комисијата во целосен состав.

Според него, сите сценарија се можни. На прашањето дали има какви било поместувања, Давитковски одговори потврдно.

Членовите на Комисијата имаат еден час пауза, која Давитковски ќе ја искористи за, како што рече, да направи уште некои дополнителни политички консултации, најверојатно на највисоко ниво.

На седницата на Комисијата денеска треба да бидат изнесени размислувања и од вчерашната средба и ако се усогласат, како што изјави вчера Давитковски, работата ќе биде завршена со цел до утре да се дојде до решение.

Во текот на вчерашниот ден, заедно со странскиот експерт Петер Ванхаусен, Давитковски имаше одвоени средби со членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев во понеделникот се договорија во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување конечно решение околу извештајот на Комисијата, како последен обид за постигнување договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија.

Пред речиси еден месец оставка на функцијата претседател на Комисијата даде професорот Борче Давитковски, поради, како што рече, неможност да се постигне согласност за конечниот извештај од работата на Комисијата. Во Комисијата СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ имаат делегирано по двајца членови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска