Парите очигледно не се проблем во англискта Премиерлига, откако на една недела пред крајот на преодниот рок, 20-те клубови од елитата потрошиле 1.5 милијарди фунти на засилувања, рушејќи го рекордот од 1.4 милијарди во 2017 година.
Добивај вести на вибер
Според финансиската компанија „Делоит“, сумата од 1.5 милијарди фунти е идентична колку што лани клубовите потрошиле цела сезона, иако рекордот за цела сезона уште не е достигнат – во 2017/18, англиските клубови потрошија 1.86 милијарди фунти.
„Рекордното трошење покажува дека бизнис=моделот на Премиерлигата е одличен и во ерата по пандемијата на КОВИД. Иако ова е охрабрувачки, важно е клубовите да имаат одговорно трошење за да не настанат проблеми во иднина“, вели Крис Вуд, директорот на спортската групација на „Делоит“.
Премиерлигашите потпишале дури 14 фудбалери кои чинеле над 30 милиони фунти, откако лани само осум фудбалери ја надминуваа оваа сезона. Најскапото засилување е Дарвин Нуњез на Ливерпул, за кое платија 85 милиони фунти на Бенфика, додека Челси потрошија 63 милиони фунти за Марк Кукуреља од Брајтон, 50 милиони фунти на Рахим Стерлинг и 34 милиони фунти на Калиду Кулибали.
Манчестер јунајтед го донесоа Касемиро за 60 милиони фунти, Манчестер сити го донесоа Ерлинг Халан за 51.2 милиони фунти, а Тотенхем потрошија 60 милиони фунти на Ришарлисон.
Во последната недела се очекува реализација на уште неколку скапи трансфери – Челси го сака Весли Фофана од Лестер, Њукасл тргнува по Александер Исак од Реал Сосиедад, а Манчестер јунајтед подготвуваат голема понуда за Антони од Ајакс.
Извор: Топспорт