Кина го лансираше сателитот Пекинг-3Б

Од:

Кина денеска ја лансираше ракетата „Долгиот марш-2Д“ која ќе постави сателит во вселената, јави Ксинхуа.

Сателитот наречен „Пекинг-3Б“ полета во 11:01 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Таијуан во северната провинција Шанкси и набрзо влезе во орбитата.

Тој главно ќе се користи за далечинско набљудување во областите на управување со земјишни ресурси, истражување на земјоделски ресурси, мониторинг на животна средина и подобрување на градските услуги.

Ова беше 434-та летачка мисија од серијата ракети Долг Марш, соопшти центарот за лансирање, пренесе Бета.

Кина го лансираше сателитот „Пекинг-3А“ на 11 јуни 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија