Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Од:

Пиварниците од германската провинција Баварија, поради војната во Украина, речиси повеќе не испорачуваат пиво во Русија.

Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси целосно е запрен.

Портпаролот на здружението Лотар Еберт за „Билд“ изјави дека во Русија во јануари биле извезени околу 77.477 хектолитри пиво, а во февруари 78.797 хектолитри.

„По почетокот на војната во Украина, извозот на пиво во Русија значително се намали. Во март на околу 47.313 хектолитри, а во јуни на 23.249 хектолитри“, изјави Еберц.

За пиварниците, суспензијата на извозот во Русија е особен проблем бидејќи Русија, по Италија, беше втора по големина извозна дестинација за пиво од Баварија.

Минатата година Баварија извезла околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.

Еберц вели дека сегашната ситуација може да се спореди со ситуацијата поради корона кризата.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија