За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Од:

До истите наоди за стечајот на „Еуростандард банка“ кои вчера ги презентираше тимот платен од сопственикот Трифун Костовски дошла и Управата за финансиска полиција.  Вчера Костовоски ги посочи како институција која со тоа што не пратила претставник на презентацијата на наодите од истрагата за стечајот покажала „дека сме земја која не сака да се занимава со ова зло“, заедно со Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство.

Од Управата за финансиска полиција велат дека не испратиле свој претставник затоа што не добиле покана за презентација. Нагласуваат дека истрагата за овој случај сè уште е отворена.

„Предистражната постапка за ‘Еуростандард банка’ АД Скопје во Управата за финансиска полиција е отворена од септември 2020 година и за преземените дејствија и утврдени констатации од страна на Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција доставени се вкупно 15 известувања со утврдени констатации и состојби. Со оглед на фактот дека истражната, како и предистражната постапка се тајни, во овој момент не сме во можност да споделиме подетални информации“, велат од Управата за „А1он“.

Неофицијално, изминативе две години тие подготвувале и кривични пријави. Требало да бидат опфатени 47 лица, но во текот на истрагата од Обвинителството за гонење организиран криминал им било советувано дека станува збор за преголема бројка на лица во пријавата и им било побарано место кривична пријава да достават известување за сите наоди.

Утрово и Обвинителството преку соопштение извести дека на стечајот за „Еуростандард“ активно се работи и посочи дека единствената институција надлежна да дава наредби и да спроведува истражни постапки е токму Јавното обвинителство.

„Во врска со стечајот на ‘Еуростандард банка’, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја испитува одговорноста за стечајот, при што по проверките кои беа направени и кои упатуваа дека банката не постапувала по бројните мерки изречени од страна на Народната банка и доставувала неточни извештаи до Народната банка, надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири одговорни лица од ‘Еуростандард банка’ за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст. 6 во врска со член 45 од Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството.

И од таму известија дека истрагата за овој предмет е во тек.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска

Асоцијација на банки: Не може за пропаѓањето на една банка да се обвини цел банкарски сектор

A1on

НБРМ: Од 2013 до 2020 година се изречени 120 мерки поради слабости во работењето на Еуростандард банка

A1on