Објавена фотографија од Украинката за која тврдат дека ја убила ќерката на идеологот на Путин

Од:

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка Дарија Дугина стојат украински специјалните служби.

Федералната служба за безбедност претходно објави извештај за убиството на Дарја Дугина, пренесе „Спутник“.

„Утврдено е дека делото го подготвиле и извршиле украинските специјалци. Сторителот е државјанката на Украина Наталија Вовк, родена 1979 година, која во Русија пристигнала на 23 јули 2022 година заедно со нејзината ќерка Софија Шабан, родена 2010 година. За да го организира убиството на Дарија Дугина и да добие информации за нејзиниот начин на живот, таа изнајмила стан во Москва во куќата во која живеел починатиот“, се наведува во извештајот.

По извршувањето на делото „Вовк заедно со нејзината ќерка преку регионот Псков заминала во Естонија“.

Се посочува дека криминалците со „мини купер“ го следеле новинарот, при влез во Русија со регистерски таблички на ДПР – E982KSH DPR, во Москва – казахстански таблички – 172AJD02, а при излегување – украински.

Во саботата вечерта автомобил кој го управувала новинарката и политиколог Дарија Дугина, според истражните органи, се запалил додека се движел. Таа починала на местото на нападот. Според прелиминарната верзија, експлодирала експлозивна направа поставена во автомобилот.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски