Кина планира да ја заштити овогодинешната жетва од суша со засејување облаци

Од:

Кина ќе се обиде да ја заштити овогодишната жетва од рекордната суша со „засејување облаци“, користејќи реагенси за создавање дожд.

Фабриките во провинцијата Сечуан беа затворени минатата недела за да се заштеди енергија за домовите, каде што повеќе се користи клима уред поради екстремните горештини и температурите до 45 степени Целзиусови.

– Следните 10 дена се клучни за посевите со ориз во јужна Кина, изјави министерот за земјоделство Танг Ренџијан, пренесуваат медиумите. Кинеските власти ќе преземат итни чекори за „обезбедување на есенската жетва“ која сочинува 75 отсто од годишниот принос, рече Танг

Властите „ќе се обидат да го зголемат дождот“ со влијание врз облаците и со прскање на посевите со „средство за задржување вода“, соопшти Министерството за земјоделство.

Намалениот принос на жетвата во Кина би имал глобални последици бидејќи би влијаел на растот на увозот, што дополнително би го зголемило инфлацискиот притисок во САД и Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија