Кина планира петнаесет отсто од граѓаните научно да ги описмени до 2025 година

Од:

Кина има за цел над 15 отсто од нејзиното население да стане научно писмено до 2025 година. Ова се наведува во новиот национален план за популаризирање на науката и технологијата, јави Синхуа.

Планот, објавен во вторникот, постави за цел научно-технолошко описменување за 2025 година на пет процентни поени над бројката за 2020 година. Кина во 2020 имаше 10,56 отсто научно писмени граѓани, надминувајќи ја целта од 10 проценти, зацртана во 13. петгодишен план на земјата, од 2016 до 2020 година.

Научната писменост се однесува на духот на научната аспирација, познавање основни науки и научни методи и способност да се применат во анализа и решавање проблеми.

Во наредните неколку години, Кина дополнително ќе ги зајакне напорите за развој на диверзификуваниот механизам на вложување и повеќе образовни основи за популаризирање на науката, се истакнува во планот, составен од Министерството за наука и технологија, Одделението за публицитет на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и кинеското Здружение за наука и технологија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија