Црвен картон или договор?

Од:

Има ли шанси да се излезе од лавиринтот со Комисијата за инцидентите на 24. декември?

Официјално се молчи, неофицијално, течат информации. Извори на А1он, велат дека на вчерашната повеќе часовна средба во Клубот на пратениците имало високи тонови, многу тензија, но и закани.

И тоа од премиерот со распишување предвремени избори.

ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе го „голтне“ барањето на СДСМ и да признае дека со тепањето и влечењето на пратениците и исфрлањето на новинарите но и со низа деловнички повреди е прекршен Уставот, но СДСМ под тоа ниво едноставно не може да оди.

Извори на А1он велат дека уште од самиот почеток на составување на Комисијата и договорите Груевски-Заев, во игра била оставка на спикерот Трајко Вељаноски и негово сместување во некоја амбасадорска фотеља.

Иако Вељаноски е најодговорен за редот и поредокот во законодавниот дом и прифати да спреведе нечија агенда, сепак на сите им е јасно дека друг е налогодавачот.

Првите луѓе на Груевски, Јанкуловска и Ставревски дури и „диригираа“ со акцијата.

Средбите продолжуваат до петок, но според она што вчера се случувало на средбата, до договор е се уште далеку, иако Брисел,  јасно порачува, држејќи црвен картон в рака, дека мора да се постигне договор поради европските перспективи на Македонија.

До петок ќе биде јасно дали оптимизмот на претседателот во оставка Давитковски бил реален, дали ќе се потпише заеднички усогласен извештај.

Дали и за овој случај, по старата добра пракса ќе има победници и поразени?И дали извештајот секој ќе го чита и толкува според сопствените потреби?

П.К.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска