Тој е само четвртиот голман во историјата кој успеал на две гостувања по ред на „Камп Ноу“ да остане несовладан против Барселона. Такво нешто се нема случено буквално половина век, од 1972 година.
Во историјата на шпанскиот фудбал само три голмани пред Димитриевски успеале двапати по ред на „Камп Ноу“ да имаат „мирна мрежа“ против Барселона, и тоа Еснаола со Реал Мадрид во 1967/68 и 1868/69, легендарниот Ирибар со Атлетик Билбао во 1970/71 и 1971/72 и Дуесто со Малага во 1971/72 и 1972/73.
Димитриевски е четвртиот голман, а прв по пауза од половина век.