ВИДЕО: Пожар избувна во воена база во близина на Москва, објавена е снимка

Од:

Пожар избувна во воена база во градот Долгопрудниј, во непосредна близина на Москва. Информацијата ја објави руската државна новинска агенција Тасс.

Тасс се повикува на руското Министерство за вонредни ситуации, кое денеска соопшти дека пожарот се проширил на 1.200 квадратни метри.

Пожарникарите добиле повик дека избувнал пожар во станбена зграда на улицата Восточнаја 33. Извор од службите за итни случаи изјавил за Тасс дека станува збор за зграда во воена база.

Порталот Москва24 јавува дека во пожарот нема повредени и дека пожарот бил изгаснат во текот на денот. Наводно, пожарот избувнал во дрвена барака и се проширил во околината.

На социјалните мрежи беа објавени снимки од пожарот, кои потоа ги пренесе телевизијата Москва24.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија