Вучиќ: Подготвуваат ликвидација на нашиот народ на северот на Косово

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го коментираше дијалогот со премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти и рече дека е многу скептичен за постигнатите резултати.

„Се што рекоа е дека ќе ја наметнат својата волја. Ним не им е гајле што има да каже Белград, па не знам ни за што е дијалогот. Тие што рекоа дека треба да се разговара за ЗСО, како и дека мора да биде во согласност со уставот на Косово, да ги прашам дали се шегуваат? “, праша Вучиќ, пренесе Б92.

Како што вели, „се убивавме со месеци, а тие сакаат да биде во согласност со Уставот на Косово“.

„Неколку пати посочив на изјавите кои го подготвуваат теренот, во кои претпоставувам дека сакаат да ме информираат како сето тоа ќе го спроведат во пракса. Ок, кажете ни дека закон не постои, дека не ве интересира Резолуцијата 12. 44, како и правото на ОН, кое толку многу го споменувате кога станува збор за конфликтот во Украина, но кога станува збор за овој дел од Европа и светот, тоа не ве интересира“, рече Вучиќ.

Како што вели, можат да прават што сакаат, но тоа нема да биде со благослов и согласност на Србија.

„Верувам дека во септември ќе одиме во Собранието да ја анализираме ситуацијата на Косово и Метохија, тоа е наша обврска. Луѓето треба да слушнат која е нашата обврска и се надевам дека разумот ќе надвладее“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека нема да дозволи некој да отвори оган врз никого и дека во сите светски медиуми се објавуваат лаги и дека Србија некаде напаѓа некого.

 

Би можело да ве интересира

Со голем митинг Вучиќ го започнува формирањето на ново народно движење

Горан Наумовски

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград