Гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје ги прекрши речиси сите седум стандарди за нуклеарната безбедност, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
Експерти на МААЕ веруваат дека гранатирањето не предизвикало непосредна закана за нуклеарната безбедност, врз основа на информации што ги дала Украина, јави Би-би-си.
– Сите воени активности што ја загрозуваат нуклеарната безбедност, мора да бидат запрени, повтори Гроси.
Најголемата европска нуклеарна централа е под контрола на руските власти од почетокот на март, иако украински техничари и понатаму управуваат со неа, наведува Би-би-си.
Извор: МИА