Читаку: Не ширете страв и паника – нема да има војна во Косово

Од:

Потпретседателката на најголемата парламентарна опозициска партија во Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Влора Читаку ги повика властите во земјата да не шират страв и паника, затоа што, како што вели, „нема да има војна во Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пораката на Читаку уследи по изјавите на косовскиот премиер, Албин Курти, дадени во интервју за италијанска „Ла Република“, дека постои опасност од нов конфликт меѓу Косово и Србија, односно од нова војна во Западен Балкан.

Потпретседателката на ПДК и поранешна амбасадорка на Косово во САД на својата страница на Фејсбук напиша дека гаранција за суверенитетот на Косово е НАТО, додека, како што вели, „Србија знае многу добро што носи еден отворен конфликт со НАТО“.

– Имаше војна во Косово пред 23 години. Некои од нас бевме возрасни и имавме можност да војуваме тогаш. Истовремено, на Србија денес најмногу ѝ одговара ова статус-кво и по можност да се разговара за лепенки и барикади. Конвенционалната војна заврши. Сега битките се од друга природа, напиша Читаку.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија