Германската Влада воведува нови мерки и правила во борбата против коронавирусот, со цел поуспешна заштита од нов бран инфекции во текот на есента и зимата, а се најавуваат и четири нови вакцини, пишува „Дојче веле“.
Планот предвидува постепено воведување мерки, зависно состојбата во државата, а мерките ќе важат од 1 октомври годинава до 7 април 2023 година – без разлика на инциденцата.
Во таа група мерки спаѓа носење „FFP2“ – маски во воздушниот сообраќај, во брзите возови, односно задолжително тестирање пред влез во болници и слични установи – со исклучок на вакцинираните и рековалесценти од болеста.
Во случај на влошување на состојбата, предвидени се нови мерки. Сојузните провинции можат да воведат обврска за носење „FFP2“ – маски во јавните институции, односно во рестораните, културните институции или каде што луѓето се собираат во слободно време. Предуслов за воведување на такви мерки е одлука на надлежниот парламент.
Новите правила би можеле да бидат усвоени од Бундестагот на почетокот на септември. Бундесратот (Горниот дом) би гласал за нив на 16 септември, така што новите правила би стапиле во сила пред истекот на важечките.
Засега не е јасно дали покраините ќе го поддржат владиниот концепт, а засега нема забелешки по однос планираниот пакет-мерки. Доколку биде воведена за носење маска во училиштата – таа ќе важи само од петто одделение.
Извор: МИА