Русија: Во моментов нема основа за мировни преговори

Од:

„Во моментов нема основа за средба меѓу рускиот и украинскиот лидер“, соопшти денеска Кремљ.

Запрашан за предлогот на Турција да посредува во мировните преговори, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Владимир Путин и Володимир Зеленски би можеле да се сретнат само откако и двајцата ќе ја „завршат својата домашна задача“.

Преговорите меѓу Москва и Киев се во застој со месеци, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за ситуацијата. Кремљ ги повика и западните земји да извршат притисок врз Украина да престане да ја гранатира нуклеарната централа Запорожје. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за напади врз најголемата европска нуклеарна централа, која е под контрола на руските сили.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски