Израелскиот министер за одбрана дал наредба за продолжување на нападите врз „Исламски џихад“ во Појасот Газа

Од:

Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, денеска и нареди на армијата да ја продолжи офанзивата против екстремистичкиот „Исламски џихад“ во Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.

-Министерството за одбрана даде инструкции за продолжување на офанзивните напори против „Исламскиот џихад“, со акцент на спротивставување на ракетниот оган врз Израел, беше соопштено по средбата на министерот за одбрана со началникот на израелскиот Генералштаб, Авив Кохави, и други високи воени и безбедносни претставници.

Американските медиуми пренесоа дека околу пладне израелски воени авиони ги засилија нападите врз Газа.

Откако ги предупредиле жителите на Газа преку телефонски јавувања, израелските авиони фрлиле две бомби врз куќата на припадник на „Исламски џихад“, срамнувајќи ја со земја и сериозно оштетувајќи ги околните домови. Жените и ќерката побегнале од тоа место. Во вториот напад погодена е уште една цел на „Исламски џихад“.

Ганц дал и инструкции да им се помогне на жителите на југот од Израел, кој од синоќа е нападнат со баражен ракетен оган од Газа, пренесоа израелските медиуми.

Сирени за предупредување од проектили денеска се огласија и во централниот израелски град Модин, околните градови и пристанишниот град Ашкелон, бидејќи се чинеше дека опсегот на ракетни истрели се прошири. Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое управува исламското екстремистичко движење Хамас, денеска соопшти дека во вчерашните израелски воздушни напади загинале 11 лица, а 80 се ранети.

Меѓу жртвите има и петгодишно девојче и командантот на „Исламски џихад“, кој бил задолжен за северот на Појасот Газа, Таисир ал Џабари. Тој вчера беше убиен во целен авионски напад.

Израелската војска соопшти дека командантот бил убиен кога станало јасно дека нападот врз Израел што тој го организирал е неизбежен. Исто така, беше наведено дека други оперативци на „Исламски џихад“ биле убиени во серија израелски напади.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски