ВИДЕО: Почна војна, летнаа над 100 ракети

Од:

Сирените се огласија во сите израелските градови. Палестинската група Исламски џихад денеска соопшти дека испукала повеќе од 100 ракети кон Израел како одмазда за воздушните напади во кои загина еден од нејзините високи команданти.

„Како првичен одговор на атентатот врз водачот Тејзир ал Џабари, Ерусалимските бригади испукаа кон Тел Авив и градови околу Газа повеќе од 100 ракети“, се вели во соопштението на оруженото крило на групата.

Нивниот портпарол рече дека организацијата ја презела одговорноста за вечерашниот ракетен истрел врз градовите во јужен и централен Израел и предупреди дека тоа е „само почеток на одговорот“ на убиството на командантот на групата, Тајсер Џабари.

Во текот на денот, се огласија сирените во централните и јужните региони на земјата, пренесува Ројтерс.

Египет посредува меѓу Израел и Палестинците за да се спречи ескалација по израелскиот напад врз Појасот Газа, јави денеска државната телевизија.

Израелската армија денеска нападна цели во Газа, се наведува во соопштението кое денеска го пренесоа медиумите, јавува Си-Ен-Ен.

Во соопштението се вели дека целите му припаѓале на Исламскиот џихад, помалата од двете главни милитантни групи во Газа. Операцијата го доби името „Зора“.

Продуцент на Си-Ен-Ен во Газа видел медицински лица како носат две тела од зградата наречена Палестинска кула, која беше погодена во еден од нападите. Болницата Шифа во Газа потврди дека се испорачани телата на двајца убиени, а има околу 20 ранети.

Палестинските власти објавија дека најмалку осум лица се убиени, а 40 се ранети во нападите, јави АП, додека израелската армија соопшти дека целела цели во Газа, по неколкудневната тензија предизвикана од апсењето на палестинскиот милитантен водач Басам ал Саади.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа