САД со нова стратегија, МНР објаснува: Ќе не штитат од злобното влијание на Русија и Кина

Од:

Американскиот Стејт департмент ја објави Интегрираната стратегија за развој на односите со Македонија со која САД ќе ни помагаат да се одбраниме од „малигните влијанија од Русија и Кина“.

Иако веќе две години сме членка на НАТО и ги започнавме преговорите со ЕУ, според Стејт департментот евроатлантскиот курс на земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Македонија го попречуваат Москва и Пекинг.

„Интегрираната стратегија на Мисијата во Скопје за Северна Македонија ќе ги поддржи интересите на САД во Западен Балкан преку промовирање мултиетничка, стабилна и демократска земја со карактеристики неопходни за да стане посилен сојузник на САД и модел за пример во регионот“, стои во стратегијата.

Министерството за надворешни работи е запознаено со стратегијата која е објавена на 27 јули и е јавно достапен документ на Стејт департментот кој објавува вакви документи и за други држави.

„Во овој документ се повторуваат ставовите на САД во поглед на односите со Република Северна Македонија, со проценка на состојбите во државата и потенцирање на реформските обврски во повеќе области кои нашата земја треба да ги спроведе. Впрочем, најголем дел од темите и областите кои се споменуваат во Стратегијата, беа разгледувани на првата сесија на Стратешкиот дијалог, одржан во Вашингтон, на 2 јуни 2022 година“, рекоа од МНР за „А1он“.

На прашањето на „А1он“ зошто е потребна стратегија на САД за намалување на кинеското и руското влијание во Македонија кога ние како земја сме стратешки определени кон ЕУ и имаме стратешко партнерство со САД од мај 2008 година, од МНР кусо рекоа:

„Нашата држава има сопствена стратегија за борба против сајбер-напади и ширење лажни вести, а помошта на САД е повеќе од добредојдена“.

САД сакаат да не оспособат да се спротивставиме на „злонамерното руско политичко влијание, како и на растечкиот економски притисок од Народна Република Кина“. Според САД, Русија и Кина ги искористуваат слабостите во институциите во Македонија истовремено поткопувајќи ја довербата во институциите.

САД сакаат да ни помогнат и во енергетскиот сектор за да станеме енергетски независни и да „не прибегнуваме кон алтернативни, недоверливи извори на енергија и инвестиции“.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија