Украина ги повлекува своите војници од КФОР

Од:

Украина ги повлекува војниците кои учествуваат во мировната мисија на КФОР, соопшти денеска Здружената команда на вооружените сили на Украина.

Се додава дека „враќањето на националниот контингент значи привремено суспендирање на нивното учество во мисијата на КФОР“ и дека во моментов се преземаат мерки за нивно враќање во земјата.

Во составот на КФОР има 40 украински војници.

Во март, украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде декрет за повлекување на украинските мировни сили од сите мировни мисии во светот за одбрана на земјата по рускиот напад.

Извор МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина