И покрај противењето на Русија, ОБСЕ останува во Украина

Од:

Шефот на полската дипломатија Збигњев Рау денеска во Жешов на југот на Полска, по враќањето од Украина, информираше дека и покрај противењето на Русија, ОБСЕ ќе продолжи со присуството во Украина и дека е постигнат договор со украинските власти за продолжување на мандатот на мисијата.

„Со задоволство можам да кажам дека е донесена одлука за продолжување на присуството на ОБСЕ во Киев, па знамето на ОБСЕ ќе се вее во Киев и покрај намерите на Русија, која не се согласи да го продолжи мандатот на две единици на ОБСЕ во Украина, рече Рау денеска на прес-конференција.

Рау, кој го посети Киев како шеф на полската дипломатија и како актуелен претседавач со ОБСЕ, рече дека Украина е заинтересирана бегалците да почнат да се враќаат во нивната земја.

„Украинските власти не криеја дека се заинтересирани за враќање на бегалците. Тие посочија дека Украина се подготвува за почетокот на учебната година и смета на децата кои беа принудени да ги напуштат своите домови“, рече Рау.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте