Денеска почина познатиот ортопедски хирург доктор Тодор Ношпал, роден 03.03.1962 во Скопје.Откако дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, д-р Ношпал кариерата ја почна на Клиниката за ортопедски болести во Скопје каде до 2012 извршуваше и раководни функции.
Тој беше раководител на коскена банка, раководител на Амбулантно-поликлиничкио одделение, раководител на Отсек за тотални протези на колк, колено и ревизии на тотални протези, како и Раководител на Одделение за алоартропластика на колено и ревизии на ендопротези.
Отакако замина од државната Клиника, работеше во неколку големи приватни клиники во земјава, а во 2020 отвори сопствена приватна пракса.
Извесен период беше и официјален доктор на А-тимот на Македонската кошаркашка репрезентација.
На последните локални избори во 2021 тој беше кандидат на Интегра за градоначалник на Скопје.