Голферската легенда Тајгер Вудс одбил понуда од 700 до 800 милиони долари да се приклучи на контроверзната нова голферска серија ЛИВ, спонзорирана од Саудиска Арабија, открива директорот на групацијта Грег Норман.
Норман, кој е двократен гренд слем шампион, вели дека ЛИВ Голф прво сакале да го постават Вудс за директор на серијата, но дека 15-кратниот гренд слем шампион ја одбил богатата понуда.
„Таа бројка беше таму пред јас да станам директор. Тајгер е човекот кој го поместува работите, така што секогаш ги сакате најдобрите. Прво му се јавија на Тајгер, и бројката беше од 700 до 800 милиони долари“, вели Норман во интервју за „Фокс“.
Иако Вудс остана верен на старата ПГА турнеја, повеќе голферски ѕвезди беа привлечени од парите кои ги нуди серијата која ја формираше Јавниот фонд на Саудиска Арабија (ПИФ), истата компанија која го купи англискиот премиерлигаш Њукасл јунјтед. Дастин Џонсон, Брајан Дешамбо, Фил Микелсон и Брукс Кепка веќе се дел од ЛИВ и имаат договори кои гарантираат заработувачка од 100 до 200 милиони долари.