ВИДЕО: Страотна сообраќајка на голф ѕвездата Тајгер Вудс, со посебна машина го извлекуваа од превртената кола

Од:

Тешка сообраќајна несреќа во Калифорнија денеска доживеа светската голф легенда Тајгер Вудс, а спасителните служби морале да употребат специјална машина, наречена „вилиците на животот“ за да го извлечат од превртениот автомобил. Според американските медиуми, Вудс е пренесен во болница со повеќе повреди, меѓу кои биле и повеќе скршеници на нозете.

Снимките од местото на несреќата покажуваат дека голферот имал многу среќа, а неговата кола, која стоеше превртена на дваесетина метри од патот,
е тешко оштетена, со целосно згмечена предница.

Славниот голфер бил сам во автомобилот кога се случила несреќата, а тој неколкупати се превртел, пред да заврши надвор од експресниот пат во предградие на Лос Анџелес.

Вудс бил извлечен од страна на пожарникарите, кои ја употребиле машината „вилици на животот“, специјално направена за извлекување на луѓе заглавени во тешки сообраќајни и други несреќи.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани

Детали за тешката сообраќајката кај Штип: Жртвите се на 64 и на 40 години

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Катерина Ѓуровски

Тинејџери предивикале сообраќајна несреќа, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

Поради несреќа, во прекин сообраќајот на патот Гостивар – Стража кај „Новоселски мост“

Катерина Ѓуровски