(ВИДЕО) Тајгер Вудс во тешка состојба по сообраќајката, виден како „лета“ пред да се преврти со џипот „Џенесис“

Од:

Според многумина најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс, е во сериозна состојба откако денеска доживеа тешка сообраќајна несреќа, возејќи сам со својот луксузен џип „Џенесис ГВ80“ во предградие на Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми.

Според извештаите, Вудс ја загубил контролата врз возилото, кое се превртело на покривот и излетало од патот во населбата Ранчос Палос Вердес.

Неколку часа по несреќата немаше официјални информации околу здравствената состојба на славниот спортист, а некои медиуми објавија дека имал повеќекратни скршеници на нозете.

Но, властите попладнево по локално време соопштија дека повредите на 45-годишниот Вудс, кој бил свесен кога возило на итната помош го пренесувало во болницата, биле сериозни и дека тој се наоѓа во тешка состојба.

На прес-конференцијата на Одделот на шерифот, зборуваше и Карлос Гонзалес, полицаецот што прв пристигнал на местото на несреќата, кој сподели детали со новинарите околу состојбата на Вудс непосредно по сообраќајката.

ТМЗ објави снимка од диспечерскиот повик на итните служби околу сообраќајната несреќа, кој сугерира дека спасителите веднаш знаеле дека за да го извлечат Вудс од возилото, ќе мораат да ја употребат специјалната машина за такви случаи, наречена „вилици на животот“.


Според извори на веб-страницата, Вудс престојувал во хотел во кој се снимало големо телевизиско шоу, а кога утрото пристигнал режисерот со својот автомобил, тој за малку ќе бил удрен од џипот на голферот, кој возел со голема брзина на излезот од хотелот. Режисерот бил потресен и им раскажал на колегите за инцидентот.

Друг извор на ТМЗ од телевизиската екипа изјавил дека пред да тргне од паркингот на хотелот, џипот на Вудс бил блокиран од друго возило и тој не можел да излезе, па изгледал „нервозно и нестрпливо“. Откако се ослободил излез, тој заминал со голема брзина, вели изворот.

Причината за несреќата се истражува, а од одделот на шерифот посочија дека на местото често се случуваат сообраќајки, поради делниците со удолници полни со кривини.

„За среќа, внатрешноста на колата беше помалку или повеќе негибната, што му овозможило возилото да не се згмечи и Вудс да преживее,“ изјави претставник на властите.

Би можело да ве интересира

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Сообраќајка кај наплатната рампа кај Градско-четири лица се повредени

Анита Петровска Рајковиќ

Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани

Детали за тешката сообраќајката кај Штип: Жртвите се на 64 и на 40 години

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Катерина Ѓуровски

Тинејџери предивикале сообраќајна несреќа, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски