Детали за тешката сообраќајката кај Штип: Жртвите се на 64 и на 40 години

Од:

Две жртви има во тешката сообраќајна несреќа, што се случи денеска во 14.25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип, потврди портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението лиферувано до медиумите. Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани од Скопје.

-На 20.04.2024 на експресниот пат Штип Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо” со кочански регистарски ознаки управувано од А.Н.(40) од Кочани и патничко моторно возило „шкода” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Д.(66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д.(64) во шкодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Во соопштението се посочува дека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Панајотова информира дека од 17.15 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај патот Штип до клучката кај Крупиште. Сообраќајот ќе се одвива по стариот регионален пат Штип – Кочани.

Увидот е во тек. Инаку ова е втора тешка сообраќајна несреќа на овој експресен пат, во февруари на истиот пат во близина на селото Жиганци исто така загинаа две лица.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он