Легендарниот фудбалер на Милан, Филипо Инзаги изјави дека Марио Балотели во моментов е најдобар напаѓач во Серија А, додека Леонел Меси е најдобар во светот.
-Нападот на Милан е многу силен, а Балотели е најдобриот напаѓач во Италија. Како навивач на тимот, верувам дека Марио ќе биде најдобар стрелец во Серија А. Тоа ќе биде добро за него, клубот, но и за репрезентацијата-изјави тој.
Покрај Балотели, Инзаги истакна дека премногу ги почитува и Меси, Ибрахимовиќ како и Кавани.
-Секој тренер би го посакал Меси во тимот. Тој без размислување е најдобар на светот-заклучи Инзаги.
Елена Георгиевска