Ковачевски оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Од:

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот“ на Гумење – Крушево.

Со ова започнува централната прослава во Крушево на големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, кој оваа година се одбележува под слоганот „Нашата сила за иднината“.

Претседателот на Владата, Ковачевски ја предводи владината делегација во состав од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски ќе оддаде почит и ќе положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево, на споменикот на Слива, кој претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, а ќе присуствуваат и на Панихида којашто традиционално се организира секоја година во чест на загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“ во Крушево.

Потоа, следи централната манифестација и обраќањето на премиерот Ковачевски на Мечкин Камен.

Би можело да ве интересира

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август