Ковачевски: Ги почнавме преговорите, нерелевантно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум

Од:

Референдумот што го бара Христијан Мицкоски е само за внатрешна партиска и политичка употреба во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи е против зачленување во ЕУ и тоа барање е нерелевантно, почнавме преговори со ЕУ и нема враќање назад, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски при денешната посета на Тетово.

„Република Северна Македонија ги почна преговорите и тоа ги почнавме со чист македонски јазик, со заштитен идентитет, напишано на хартија и потврдено од претставници на Европската комисија. Оваа држава од денот на одржувањето на првата меѓувладина конференција, го започна патот кон зачленување во ЕУ. Од тој пат нема ниту назад, нема ниту лево, а уште помалку има десно кон Исток, така што сосема е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кој треба да биде против зачленување во ЕУ.“ посочи Ковачевски.

Ковачевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија која беше против членството во НАТО, а сега заедно со новиот коалициски партнер Левица се единствените партии што се против членството во ЕУ и тоа го покажаа и во Собранието кога се гласаа Заклучоците кои обезбедија почеток на преговорите со ЕУ.

Уставните измени се носат во Собранието, а при зачленуувањето во ЕУ, што е пат кој треба да се изоди, и тоа особено во областите на влеадеење на правото и управувањето со институциите, Северна Македонија ќе треба да направи доста законски па и уставни измени, порача
Ковачевски.

„Дури и при влегувањето во ЕУ повторно се прават уставни измени со цел дел од надлежностите што се на Република Северна Македонија да се предадат на Европската унија бидејќи влегуваме во сојуз со други 27 држави. Затоа пратенциите што ги претставуваат граѓаните, треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ, вклучително и закони и уставни измени, да ги носат во интерес на сите граѓани.“ истакна Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев