Во Црна Гора повторно задолжително носење заштитни маски

Од:

Во Црна Гора, поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот, во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти уште еднаш апелираа до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.

Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека е воведено задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, продавници за храна, аптеки и бензински пумпи, поради зголемувањето на бројот на заболени и хоспитализирани лица.

Галиќ додаде дека заштитните маски се задолжителни и во затворените места на аеродромот, железничките и автобуските станици и најави дека ќе следи задолжително носење маски во сите затворени места доколку тие мерки не доведат до подобрување на состојбата.

Тој апелираше да се вакцинираат сите кои досега не биле вакцинирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маските се враќаат – комисијата за заразни болести бара да сe задолжителни во здравствени установи

А1он

Германскиот министер за здравство повика да се вратат маските во затворени простории во Германија

А1он

Во Германија можно задолжително носење заштитни маски

Носењето маски во јавниот превоз во Португалија останува задолжително барем до крајот на август

Шеф на болница во БиХ наместо хируршки купил маски за заварување

Горан Наумовски

Се укинува задолжителното носење маски на аеродромите во Европа

Катерина Ѓуровски