Во Германија можно задолжително носење заштитни маски

Од:

Во Германија како дел од мерките за справување со пандемијата на Ковид-19 можно е од октомври на сојузните покраини да им се овозможи да воведат обврска на населението за задолжително носење заштитни маски.
Министерството за правда на Германија се огласи по повод нацрт-законот за заштита од инфекции договорен со Министерството за здравство, а што е на сила до 23 септември.
Со напомена дека во есенските и зимските месеци се очекува пораст на бројот заболени од Ковид-19, во соопштението се наведува дека се неопходни измени на Законот.

Нацрт-законот што вклучува нови правила, а што би требало да важи за периодот од 1 октомври годинава до 7 април 2023, во текот на овој месец ќе биде доставен до Владата.

Според измените, обврската за носење маски во воздушниот сообраќај и во јавниот превоз низ Германија ќе продолжи да важи и после 1 октомври.

Меѓу другото, на сојузните покраини ќе им биде оставена можноста да воведат мерки за задолжително носење маски на јавни места како би се обезбедило нормално функционирање на здравствениот систем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје