Песков: Тајно се преговара за размена на заробеници со САД, засега нема договор

Од:

Преговорите меѓу САД и Русија за размена на затвореници, вклучувајќи ја и кошаркарката Бритни Гринер, мора да се водат тајно и без помпа, соопшти денеска Кремљ.

Меѓутоа, се уште не е постигнат договор за размена на затвореници од висок профил, за ДПА наведуваат руските власти, во изјавата што дојде еден ден откако американски официјални лица изјавија дека ова прашање ќе се разговара во блиска иднина.

-Знаеме дека за такви прашања се разговара без да се објавуваат никакви информации, изјави телефонски портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Јавноста вобичаено за тоа дознава кога договборите веќе се спроведени“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека американската администрација работи на постигнување договор со Русија што ќе им овозможи на Гринер и на уште еден притворен Американец, Пол Вилан, да се вратат дома.

Според неколку извештаи, рускиот трговец со оружје Виктор Бут, во замена, би можел да биде ослободен од американски затвор.

Гринер се соочува со 10-годишна затворска казна бидејќи при враќање во САД, во февруари, во нејзиниот багаж на аеродром во Москва било пронајдено масло од канабис. Таа професионално игра кошарка во руската лига, додекаво САД не е во тек кошаркарската сезона. Судскиот процес против неа за поседување дрога е во тек.

Порпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, во соопштение за медиумите потврди дека преговорите се во тек, но не нададе детали за разговорите и објасни дека засега нема договор за размена на затвореници.

„Пристапуваме со претпоставка дека во преговорите треба да се земат предвид интересите на двете страни“, рече таа.

Блинкен синоќа на брифинг во Вашингтон кажа дека наскоро ќе разговара за случајот со неговиот руски колега Сергеј Лавров, како и за продолжување на извозот на жито од Украина.

„Планирам да се осврнам на темата што за нас е приоритет: ослободувањето на Пол Вилан и Бритни Гринер, кои беа неправедно уапсени и треба да им биде дозволено да се вратат дома“, рече тој.

„Пред неколку недели ставивме значајна понуда на преговарачка маса за да го олесниме нивното ослободување“, додаде тој, одбивајќи да каже каква е понудата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Оружјето што Западот го испраќа во Киев заврши на границата со Израел: Москва предупреди на последиците

Предраг Петровиќ

Песков: Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за репарациите за Украина е „формализирање на грабежот“

Песков: Претседателот Путин засега не планира посета на анексираните региони

Песков потврди дека пресудата на поранешниот новинар Сафронов е „многу остра казна“

Русија: Се соочуваме со нова светска реалност

Катерина Ѓуровски

Песков: Русија никогаш не претставувала закана за Финска и Шведска

А1он