Епидемиологот Вело Марковски објави седма преработка на македонска песна. Тој на социјалните мрежи сподели дека ја препеал „Болен ми лежи Стојан војвода“, една од најстарите македонски песни кои се снимени на носач на звук.
Марковски ја објави песната во екот на судската ферија, додека нема нови рочишта за предметот каде е обвинет за незаконски археолошки испитувања и шверц на артефакти. За неа, снимен е и спот, чиј режисер е Марковски.
Во насловот, стои дека станува збор за дует, направен меѓу Димитри Кучков кој ја снимил песната во 1900 година и него, кој ја пее во 2022 година. Во спотот има околу 18 учесници, од лик кој го глуми Кучков, до девојка која ја глуми неговата мајка и маж кој го илустрира ликот на Стојан војвода.
Објавата на преработената песна е објавена по три месеци од последното појавување на Марковски на емисија како епидемиолог. Тој во изминатите две месеци, во јавноста покрај судскиот случај и коронавирусот, беше актуелен и по склучениот брак со помладата Евгенија, која ја запознал на факултетот каде предавал.