Болен обвинет и зафатен адвокат го одложија првото рочиште за предметот против Вело Марковски, за шверц на артефакти

Од:

Се одложи првото рочиште од судскиот процес против инфектологот Вело Марковски и уште седум лица, за шверц на артефакти и незаконски истражувања. Судот донесе вака одлука откако адвокат и еден од обвинетите не се појавија на рочиштето, кое требаше да започне со произнесување за вина и воведни зборови. Образложението беше дека еден од адвокатите има ангажман во друг предмет и не бил во можност да се појави, додека пак, обвинетиот е болен. Следното рочиште не е закажано, а бидејќи не е притворски предмет, веројатно ќе биде по судската ферија која започнува од средината на месец јули.

Сите обвинети, вклучително и Марковски се товарат дека во 2017 и 2018 година, без дозвола, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости. Обвинителството тврди дека  пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.

Обвинителката тврди дека сите обвинети, тројца како организатори и петмина како припадници на групата сториле кривично дело злосторничко здружување. Зависно од дејствијата кои ги преземале, тие се гонат за изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, општетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и за кривично дело прикривање.

Обвинението беше поднесено во Кривичниот суд на 31 декември минатата година. По него, обвинетиот Вело Марковски негираше вина и кажа дека не сфаќа што згрешил.

„Во ред, Вело ќе го нема, само Вело не сфати и не сфаќа што згрешил. Зошто е лошо ако помагаш да се спасат човечки животи. И Вело не сфаќа зошто е лошо да ги пренесува своите знаења на студентите. Второто и третото дело е поседување и криење на културни и посебно нагласени природни богатства со непроценлива вредност, во превод значи од кај Вело товаривме едно комбе со камења за кои вештакот не сакал ни да ги вештачи и одма им рекол дека се кварц и корунди кои се минерални суровини. Проверил само неколку камчиња/кристали во главно обработени и се минерали и кристали кои ги нема во Македонија (кои јас сум ги купувал за накит по саеми). Покрај тоа вештаците ангажирани од ЈО идентификувале бројни реплики (купувани по Египет, Турција, автопазар во Скопје, но и како предмети од носии и други елементи на етнолошко културно наследство, предмети какви ги има во најголемиот број на семејствата кои ги негуваат традиционалните вредности. Исто така еден од вештаците проценил дека римски бронзени парички се најдени во мојот дом, со вредност од околу 300-500 евра вкупно, и дека истите ги има во секоја нумизматичка куќа во Европа со поединечна цена од 3-4 евра. Значи и покрај одредената вредност (што е веројатно задача на ЈО да процени колку чини) се излегува со формулација…бесценето богатство. И четвртото, нај злонамерно обвинение, злосторничко здружување, онака како додаток. Тоа што немам никаков контакт (сум бил под ПИ-мерки и ги знаеле сите мои контакти, разговори…) со никого од тие што ЈО тврди дека се група, што прв пат ги видов луѓето во судница и што освен двајца сите други се на возраст од 70-80 години, не е важно, додај му го па нека докажува Вело. Па нели првин докази се собираа па после се одредуваше притвор. Ете тој е мојот криминал, и најголемиот успех на ЈО за последниве две години“, се бранеше Марковски три дена по поднесеното обвинение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковски: ВМРО-ДПМНЕ на клучни позиции носи лица кои не се членови, ќе бидам независен кандидат за претседател

(ВИДЕО) Марковски: Ми пречи што покажуваме непријателство кон Русија

Вело Марковски најави независна кандидатура за претседател, но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Вело Маркоски ќе се кандидира за претседател на Македонија

Катерина Ѓуровски

Во Италија се вратени повеќе од 260 антички артефакти кои шверцери ги однеле во САД

(ВИДЕО) Епидемиологот Вело Марковски објави нова песна, сега пее за Стојан војвода

Ландов