Германската Влада ќе им плати отштета на семејствата на жртвите од масакрот во Минхен 1972

Од:

Германската Влада денеска соопшти дека ќе плати дополнителна отштета на семејствата на 11 израелски спортисти кои беа убиени од палестинската терористичка група „Црн септември“ за време на Летните олимписки игри во Минхен во 1972 година.

Семејствата на убиените спортисти долго време го критикуваат начинот на кој германските власти го третирале нападот, а германското МВР соопшти дека преговара со семејствата и оти би требало повторно да се изврши проценка на последиците од овој масакр за „преживеаните кои биле издржувани од жртвите“ во нематеријална и материјална смисла.

Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи за „Зидојче Цајтунг“ изјави дека Министерството, заедно со сојузната покраина Баварија и градот Минхен, планираат да платат отштета за да ги „артикулираат сериозните последици за преживеаните“, додава Политико.

Не е позната висината на отштетата што Германија планира да ја плати, а „Зидојче Цајтунг“, повикувајќи се на информации од Израел, пишува дека се работи за 10 милиони евра, што, како што се наведува, не е доволно за семејствата.

Најавата за исплата на отштета доаѓа во пресрет на одбележувањето на 50-годишнината од масакрот во Минхен.

На 5 септември 1972 година, палестински терористи од организацијата „Црн септември“ упаднаа во олимпиското село и земаа израелски спортисти како заложници, со цел да обезбедат ослободување на затворениците во Израел и двајца левичарски екстремисти во Западна Германија.

За време на нападот и спасувачката операција загинаа 11 Израелци и еден полицаец од Западна Германија.

Веднаш по нападот, Германија на семејствата на жртвите им исплатила сума од околу два милиони евра, покажуваат податоците на германското МВР.

Членовите на семејството добиле уште три милиони евра во 2002 година, пренесува ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“