Ристовски: Не замислував дека би можел да дојдам во Скопје и да бидам противник

Од:

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски изјави дека не ни замислувал некогаш во кариерата да гостува во Скопје на арената „Тодор Проески“, каде порасна како дете на Вардар, во улога на противник. Тој синоќа играше за Динамо Загреб на дуелот против Шкупи, а неговиот тим славеше со 0:1. Голот го постигна Аријан Адеми.

„Уште како дете додека бев во Вардар знаев што значи Динамо, а не ни замислував дека со Динамо ќе играм на овој стадион каде што пораснав и дека ќе бидам противник. Сепак, драго ми е што победивме и обезебедивме пласман понатаму“, изјави Ристовски по мечот.

Тој истакна и дека Шкупи беше цврст противник.

„Шкупи е цврста екипа, која игра во два блока и која чека на контранапад, а имаат опасни и брзи напаѓачи. Денеска во фудбалот нема лесни противници, а знам како на Динамо се гледа на овие простори. Шкупи е првак на Македонија и немаше што да изгуби. Влегоа со полн ангажман, но за нас е најважно дека поминавме во следното коло“, дополни Ристовски.

Би можело да ве интересира

Динамо носи засилување од 2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во Лигата на шампионите

Братот на убиениот навивач на АЕК: Не беше хулиган, рече дека оди на кафе

УЕФА жестоко го казни Динамо, до крајот на сезоната во Европа нема гостувања за навивачите

Предраг Петровиќ

Полицијата објави што пронашла кај уапсениот Грк: „Ги снабдил хрватските хулигани со оружје“

Катерина Ѓуровски

Мајката на убиениот навивач на АЕК: Дојдоа од странска земја да ми го убијат детето