Османи: Не се бира кој колку ќе го навреди другиот, влеговме во токсичен круг со Бугарија

Од:

Говорот на омраза не е поврзан со работата на историската комисија, туку како владите да отворат можност помеѓу граѓаните и бизнисите, тврди министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Влезени сме во тренд на негативен однос, во кој што не се бира кој колку ќе го навреди другиот. Немаме интерес да биде овој тренд и понатаму. Знаете дека имаше случај по автобуската несреќа во Бугарија кога бугарски граѓанин ги навреди жртвите, а Бугарија веднаш реагираше и го притвори. Сакаме да го затвориме токсичниот круг во кој влеговме, не смееме тоа да го прошириме на ниво на историските интерпретации – рече Османи.

Министерството работело на имплементација на протоколот и тој планирал да формира група во МНР која ќе ја следи динамиката за работите кои се надлежност на МНР:
– Неделава ќе се видам со сите членови на историската комисија, почнувајќи од утре за да разговараме за чекори како и што понатаму.

Османи не гледа причина да се одржи референдум на тема ЕУ освен ако опозицијата не планира да ги праша граѓаните дали се за некоја алтернативна унија.
– Освен ако референдумското прашање не биде “Дали сте против членство на Македонија во ЕУ со македонски јазик во него“ не гледам друга причина за референдум. Доколку е некој за нова алтернативна унија, нека го отвори тоа прашање. Друга причина нема – рече шефот на дипломатијата.

Би можело да ве интересира

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија