Натпреварот за песна на Евровизија ќе се одржи следната година во Велика Британија, официјално е потврдено.
Организаторите на шоуто одлучија дека настанот не може да се одржи во победничката земја Украина, поради тековната војна по руската инвазија.
The United Kingdom will host #Eurovision 2023! ??????
➡️ Everything you need to know here: https://t.co/qQVS3gierN pic.twitter.com/IpHCA2i4U6
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) July 25, 2022
Велика Британија беше втора на овогодинешното натпреварување, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги отвори преговорите со Би-Би-Си.
Сè уште не е познато кој град ќе биде домаќин.