Повторно има навреди за политичарите на Википедија. Овојпат на удар се шефот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. За претседателот Стево Пендаровски, на англиската верзија на Wikipedia, непознат администратор му впишал навредливо средно име. Таму беше додаден зборот „стока“.
За премиерот Димитар Ковачевски некој администратор впишал и датум на смрт (Илинден, лани). Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија.
Вчера мета на непознатиот администратор беше министерот за надворешни работи Бујар Османи.