(ВИДЕО) Грчева: Нема да дозволам кај мене да се уништи автентичноста

Од:

Уште еднаш се потврди дека во нашиот плурален парламентарен живот нема место никако за слободна мисла, размисла и збор. Од парламентот во развиените демократии се очекува да биде храм на демократијата, кај нас тоа е невозможна мисија со крајно партизираните ставови и црно-белите ставови кои ги испорачуваат партиите, рече независната пратеничка Солза Грчева.

– Без внатрешна демократизација на партиите ние никогаш нема да имаме добра, цврста, силна парламентарна демократија. Целиот овој изминат период како независен пратеник, особено по мојот вчерашен настап и по еден крајно аргументиран и аналитичен говор во кој јасно го поддржав работењето на СЈО, но имав право да искажам незадоволство од работењето и однесувањето на Јавната обвинителка, добив навреди, недолични зборови, директно од некои пратеници на СДСМ. Оние навреди кои ја ги чув наликуваа на навреди кои ќе ги чуете само на улицата, рече Грчева.

Предизвикаа одговор кој не доликува на етаблиран пратеник како што сум јас, кој секогаш кон секого се однесувал цивилизирано и културно. Нема да дозволам да кај мене се уништи автентичноста. Мојот збор и размисла ќе се погрижам да доаѓа секогаш до граѓаните, потребно е да не живеат во илузија дека овој свет е црно-бел, рече пратеничката.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови