Mедиумските закони на дневен ред на собраниски комисии

Од:

Пратениците денеска започнуваат со своите обврски по летниот одмор. Ќе заседаваат собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија. Првата седница по одморите Собранието ќе ја одржи во понеделник на 26 август.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија се двата медиумски закони, предлог-законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање, како и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, во прво читање.

Владата до Собранието достави нови амандмани за медиумските закони, а амандмани најавија и неколку медиумски здруженија. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ги најави владините интервенции во законите пред јавната расправа што се одржа на 13 август, но тогаш рече дека не ја исклучува можноста амандмани да бидат поднесени и како резултат на оваа расправа на која учествуваа и експерти од TAIEX, ОБСЕ и Советот на Европа.

Иако се очекува амандманската расправа да заврши до крајот на неделата, медиумските закони до денеска не се ставени на дневен ред на 69. седница закажана за во понеделник на 26 август.

Пред оваа седница исто така в понеделник ќе заседаваат и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, образование, наука и спорт и за надворешна политика, како и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија, како што е најавено, на денешните седници ќе расправаат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on