СЗО: На милиони мигранти им е оневозможена здравствена заштита

Од:

На милиони мигранти и бегалци им е оневозможена соодветна здравствена заштита и треба да бидат вклучени во здравствените системи на земјите во кои доаѓаат, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Во својот прв обид да ги разгледа импликациите на миграцијата врз глобалната здравствена политика, СЗО повика на итна акција за поддршка на ранливите популации кои ги преминуваат границите.

– Здравјето не започнува, ниту завршува на границата на земјата. Затоа, миграцискиот статус не треба да биде дискриминаторски фактор, туку двигател на политиката врз која се гради и зајакнува здравствената заштита, рече во соопштение директорот за здравство и миграција на СЗО, Сантино Северони.

Според извештајот на СЗО, болестите, гладот, климатските промени и војната го придвижуваат масовното движење на луѓето, а конфликтот во Украина предизвика за првпат досега вкупниот број раселени луѓе да ја надмине бројката од над 100 милиони.

Се додава дека станува збор за тест на здравствените системи во земјите кои веќе се погодени од пандемијата на коронавирусот.

– Но, целосниот степен на влијанието на овие пресврти сè уште не е разбран бидејќи, како што покажува овој извештај, бегалците и мигрантите не се целосно видливи во достапните податоци, што е сериозен јаз кој мора да се реши, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус во предговорот на извештајот. Во него се наведува дека бегалците и мигрантите имаат здравствени потреби кои може да се разликуваат од оние на населението во земјата во која пристигнале.

Некои доживеале, на пример, високи нивоа на несигурност во храната, и биле принудени да прескокнуваат оброци или да позајмуваат пари за храна, се вели во извештајот.

Извештајот, исто така, нагласи дека милиони работници мигранти се вработени на опасни работни места, ставајќи ги во поголем ризик од професионални повреди и болести.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа