Костовски: По 17 години, повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите за членство во ЕУ

Од:

Денеска е историски ден за Република Северна Македонија за сегашните и за идните генерации. По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите за членство во ЕУ рече на прес конференција пратеникот на СДСм Мартин Костовски.

– Со одржувањето на првата меѓувладина конференција денеска во Брисел, започна преговорите со Унијата. Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ. Македонскиот јазик одекна во Брисел, македонскиот јазик влезе во ЕУ. Не само што се говореше на македонски јазик, беше достапен на официјалниот канал на ЕУ и на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки. Преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти и придавки, а по влезот во Унијата македонскиот јазик ќе стане рамноправен со останатите јазици на ЕУ вели Костовски.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема