Мета до албанските институции: Без одлагање размислете за задачите, во наши раце е дали процесот ќе трае 5 или 30 години

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета ја поздрави одлуката на Европската унија за официјално започнување на преговарачкиот процес со Албанија и Северна Македонија.

-Денес е голем ден, камен-темелник за Албанците. Ова покажува дека нашиот регион продолжува да ужива европска поддршка. Ова е јасен сигнал за поддршка. Денеска е одлучувачки ден за иднината, ден кога треба да се соочиме со реалноста таква каква што е. Вистина е дека изгубивме многу време. Ова ни ги открива сите недостатоци, лошо завршената работа. Загриженоста на Холандија, забелешките на Франција или сите загрижености изразени во последната резолуција на ЕП, покажуваат дека трансформацијата бара работа, рече Мета во изјава од претседателската резиденција.

Тој ги повика албанските граѓани да не потклекнат на антиинтегративните кампањи, а упати силен апел до институциите без одлагање да ги исполнат сите неопходни услови за што поскоро да пристигнат на дестинацијата.

– Ги повикувам граѓаните да не станат плен на кампањи кои сакаат да го поткопаат нашиот пат кон ЕУ. Европскиот пат е единствениот кој гарантира дека во нашиот заеднички дом ќе ја имаат таа благосостојба што ја бараат нашите граѓани во Италија, Британија, Германија итн. Ги повикувам институциите без одлагање да размислуваат за задачите што се бараат. Во наши раце е дали овој процес ќе трае пет, 30 или повеќе години, изјави Мета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски