Али Ахмети: Европа е нашиот дом, им честитам на сите граѓани

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија во Брисел им честиташе на сите граѓани за овој важен момент кој значи деблокирање на евроинтегративниот процес.

Во продолжение неговата целосна објава:

Започнуваме ново поглавје. Секогаш сме докажале дека заедно можеме да го надминеме секој предизвик.

Европа е нашиот дом и немавме друг избор и покрај препреките низ кои поминавме.

Во овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочуваме големи процеси за доброто на сите граѓани со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, особено од Брисел и Вашингтон.

Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои за некои изгледаа како невозможна мисија и затворивме отворени билатерални прашања.

Притоа, во ниту еден случај не отстапивме од европскиот курс, од реформите и изградбата на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени на спроведувањето на реформските процеси и постигнатите договори.

Патувањето секако не беше лесно, но не беше и невозможно бидејќи нашата ориентација кон големото европско семејство беше јасна.

Ја користам ова прилика да им честитам на сите наши граѓани за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе ви обезбедиме јасна перспектива, безбедност во земјата и регионот како и пошироко, а со една единствена цел за поголема благосостојба за идните генерации.

Би можело да ве интересира

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски

Ахмети: ОВК не беше насочена против ниту еден народ, туку дека се бореше за слободата на својот народ

Собир во Скопје за поддршка на поранешните лидери на ОВК

Горан Наумовски

Ахмети организира протест за поддршка на лидерите на ОВК во Скопје

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122